Џејмс ќе го пропушти натпреварот со Голден Стејт

од Aleksandar Petrovski

Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, ќе го пропушти утрешниот натпревар на гостински терен против Голден Стејт.

Триесет и петгодишниот Леброн има болки во препоните и стручниот штаб на Лејкерс одлучи да му даде одмор.

Првата ѕвезда на „езерџиите“ во вторникот играше против Њу Орлеанс пеликанс и постигна 40 поени, што беше неговиот најдобар резултат во тековната сезона.

Слични содржини