Џејмс незадоволен од суспензијата: „Лактот му беше високо…“

од Vladimir Zorba

Најдобриот кошаркар на Л.А. Лејкерс, Леброн Џејмс пропушти еден натпревар во НБА лигата поради конфликт со Ајзеа Стјуарт, а по суспензијата се осврна на инцидентот со кошаркарот на Детроит.

„Неговиот лакт беше високо и ме исфрли од рамнотежа. Кога замавнав, тој изгуби рамнотежа и почувствував како го удирам во лице. Дефинитивно беше случајно. Разбирам зошто бев исклучен од играта, но не мислам дека заслужив еден натпревар суспензија“, изјави Џејмс, пренесоа американските медиуми.

Тој додаде дека по инцидентот не разговарал со Стјуарт.

Слични содржини