Џејмс за МВП наградата: „Добив само 16 гласови? Збеснав“ (видео)

од Nikola Popovski

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата и ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, проговори за наградата МВП.

Втор пат по ред беше избран Јанис Антетокумбо од Милвоки, а популарниот „крал“ добил само 16 гласа од новинарите.

„Навистина ме погоди тоа. Збеснав. Тоа е мојот вистински одговор. Од 101 глас, добив само 16. Тоа ме прави лут најмногу“, признал Џејмс.

Тој не сакал подетално да зборува за изборот на Антетокумбо за МВП.

„Многу работи се променија откако сум во НБА. Некогаш е најдобриот играч во најдобриот тим, понекогаш е момчето со најдобри статистики. Не се знае кои се критериумите“, изјавил Леброн.

loading...

Слични содржини