Џејсон Деруло му ги скрши забите на Вил Смит со палка за голф (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Музичарот Џејсон Деруло случајно му скрши заб на својот пријател актерот Вил Смит за време на игра за голф, кога замавна со палка, а видеото за кратко време заработи милиони прегледи.

Музичарот Џејсон Деруло, кој е еден од фаворитите на „ТикТок“, му се придружи Вил Смит на снимањето на видеата. Тој објави клип во кој игра голф со актерот и му го крши забот, што предизвика бурни реакции на Интернет.

Имено, ова е видео од хумористичен карактер, кое Џејсон често го објавува на Инстаграм, само овој пат го засили тимот.

На почетокот, Вил му објаснува на Деруло како да ја држи палката за време на игра, а потоа Џејсон замавна наназад и му скрши заб, по што актерот падна на земја.

Вил набрзо му враќа и ја удира топката директно кон музичарот, со цел да се „одмазди“.

Слични содржини