Актуелно
Почетна / Сцена / Џекмен ја откри тајната на својот изглед на 51 година: „Ние имаме нешто што вие немате“ (ВИДЕО)

Џекмен ја откри тајната на својот изглед на 51 година: „Ние имаме нешто што вие немате“ (ВИДЕО)

Холивудскиот актер Хју Џекмен во моментов е принуден да престојува во неговиот стан во Њујорк додека скоро целиот град е затворен поради пандемија од коронавирус.

И за да го скрати своето време во изолација, но и она на неговите обожаватели кои го следат на социјалните мрежи, тој реши да сподели со нив неколку свои тренинзи кои го одржуваат неговото тело во топ форма на 51-годишна возраст. Затоа, тој објави на социјалните мрежи видео на кое се гледа како се качува по скалите на неговата 15-катна зграда за да го направи неговиот кардио тренинг.

Тој беше охрабрен од видеото на еден од најуспешните тенисери на сите времиња и негов пријател Роџер Федерер, кој им покажа на своите обожаватели како вежба за време на изолацијата.

„Роџер, го сакам тој трик, но за жал немаме тениски терени во Њујорк. Но, имаме нешто што вие го немате, и тоа е многу од ова“.

loading...