Џенифер Анистон го започнува денот со кафе со колаген: Дали е тоа здраво?

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата актерка Џенифер Анистон оди во теретана, ужива со пријателите, а денот го започнува со шолја топло кафе помешано со колаген во прав.

Додатоците на колаген станаа хит во последниве години поради нивниот наводен потенцијал да го вратат младешкиот изглед и да ги зајакнат коските, ноктите и косата. Колагенот сам по себе е моќен протеин кој се наоѓа во коските, ткивото и ‘рскавицата, а Eating Well одлучи да истражи дали неговите додатоци се здрави и треба да се мешаат со кафе.

Некои научни истражувања се занимаваат со колагенот во прав. Нутриционистите го земаат како замена за протеинот од сурутка или грашок во прав, но не сите се подеднакво здрави. За најмногу здравствени придобивки треба да ги барате оние на кои стои дека содржат колаген пептиди или хидролизиран колаген, пишува споменатиот портал.

Џен сака додаток на колаген кој содржи и витамин Ц и хијалуронска киселина. Сепак, таквите додатоци може да бидат прилично скапи и не се нужно покорисни од конзумирање на храна која содржи колаген како што е супа или храна богата со витамин Ц, како што се агруми, бобинки и брокула.

„Дефинитивно не ви треба скап додаток на колаген за да имате силни коски и здрава кожа, коса и нокти“, вели диететичарот Викторија Сивер.

„Јадењето храна која содржи колаген може да помогне да се зголеми внесот на колаген, но најефективниот начин е да се фокусирате на конзумирање повеќе храна која помага во здравото производство на колаген во вашето тело, особено храна богата со амино киселини пролин и глицин и витамин Ц. Размислете за месото, рибата, млечните производи, јаткастите плодови, гравот, јајцата, пченични никулци и овошјето, особено агрумите“, препорача таа.

Дали треба да се додава колаген во прав во кафето?

Статија од истражувачот др. Брук Расел вели дека колагенот нема да издржи температури повисоки од телесната температура, а посакуваните здравствени придобивки ќе бидат намалени или целосно отсутни. Затоа, колагенскиот прав, доколку веќе одлучите да го консумирате, подобро е да го додадете во утринското смути или да го промешате со чаша вода.

Слични содржини