Џенифер Анистон конечно проговори за Бред Пит: „Беше прекрасен“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во пресрет на утрешната премиера на специјалната епизода од популарната серија „Пријатели“, женското трио во состав на Џенифер Анистон, Лиза Кудроу и Кортни Кокс даде интервју за шоуто „Access Hollywood“.

Тие потсетија на најинтересните детали од снимањето, а меѓу другото и на славните актери кои беа гости во серијата, како Рис Витерспун, Шон Пен, Бен Стилер, Фил Колинс, но и Бред Пит.

Набројувајќи ги актерите гости, прва се сети на него токму Џенифер Анистон, неговата поранешна сопруга.

„Господинот Пит беше прекрасен, фантастичен“, рече таа, а Лиза Кудроу се согласи.

Анистон беше во брак со Бред Пит меѓу 2000 и 2005 година.

Слични содржини