Џенифер Анистон три години по разводот: Подготвена сум за нова љубов

од Nikola Popovski

Актерката Џенифер Анистон и нејзиниот поранешен сопруг Џастин Теру го завршија бракот во 2018 година, а сега призна дека конечно е подготвена за нова љубовна приказна.

За време на гостувањето во радио емисијата „Ручек со Брус“, sвездата на „Пријатели“ призна дека се уште е слободна, но дека е отворена за нова љубов.

-Мислам дека е време. Подготвен сум да бидам со друга личност, а тоа не го сакав долго време. Вљубена сум од својата 20-та година и ми беше убаво да имам време само за мене, рече актерката.

Таа започна љубовна врска со нејзиниот поранешен сопруг во 2011 година, за да се омажи со него по четири години.

Но, во 2018 година, тие на јавноста ѝ открија дека нивната брачна среќа заврши, но останаа во коректни односи и по разводот.

Анистон откри и што бара кај партнерот.

-Сметам дека леснотијата со која тече разговорот по запознавањето е добар показател. Самодоверба, но не и наметливост. Хуморот ми е важен, како и фактот дека таа личност е дарежлива и љубезна кон другите, вели Џенифер.

Слични содржини