Џенифер Лопез: Сакам да се преселам, да возам велосипед, да купувам леб…

од Elena Daskalova

Џенифер Лопез долго време е дел и од музичката и од танцовата и од филмската сцена, но веќе чувствува потреба да го промени тоа и да живее поедноставно.

Таа изминатите три децении постигна неверојатен успех, сними добри филмови, испеа безвременски музички хитови, а сега признава дека ѝ преостануваат уште 2-3 нешта за да биде целосно среќна.

Џеј Ло неодамна, на едно интервју призна дека би сакала да ја напушти Америка и да се пресели или на Бали или во некој мал италијански град.

„Сакам да можам здраво да се хранам, да возам велосипед, да купам леб и да го јадам со домашен џем. Да имам удобен стол и убав поглед на шума, да бидам среќна. Фантазирам за тоа“, кажала таа за Венити фер, додавајќи дека музиката и танцот можеби се нејзина прва љубов, но вистинската е токму филмот.

Слични содржини