Џенифер Лопез за првпат во јавноста по венчавката

од Stefanija Kuzmanovska

Џенифер Лопез беше фотографирана на улиците на Лос Анџелес, за првпат откако се омажи за Бен Афлек.

Новата г-ѓа Афлек беше уловена додека се упатуваше кон студиото за танцување, а деталот што ги привлече сите погледи беше прилично големиот венчален прстен.

Џенифер беше во спортско издание – тесни хеланки и дуксер, а на лицето носеше големи очила за сонце.

Да потсетиме, судејќи по венчаницата која стигна во јавноста, латино дивата го зела презимето на сопругот, а сега официјалното име ѝ е Џенифер Афлек.

 

Слични содржини