Џенифер Лопез за раскинувањето со Бен Афлек: „Сега сме попаметни“

од Vladimir Zorba

Пејачката и актерка Џенифер Лопез зборуваше за нејзината врска со Бен Афлек и се осврна на нивното раскинување пред повеќе од две децении.

„Никогаш не сум била подобро. Мислам дека сите сме во многу добар момент“, призна Џенифер во својата исповед за магазинот People.

Нивната врска го полуде светот на почетокот на 2000-тите, се гледаа од 2002 до 2004 година, но после тоа ја раскинаа свршувачката. Сепак, тие „повторно се обединија“ минатата година, што на многумина им ја врати вербата во среќен крај.

„Се чувствувам многу среќна, весела и горда што сум со него. Тоа е прекрасна љубовна приказна и добивме втора шанса“, изјави популарната Џеј Ло.

Сепак, нивното обединување не беше како од бајките. Лопез призна дека и двајцата се плашеле да ја обноват врската поради неславниот крај што го имале минатиот пат. Рекла дека тогаш биле наивни и дозволиле другите да влијаат на нив, но дека овојпат се е многу поинаку.

„Сега сме постари, попаметни, имаме повеќе искуство, сме на други позиции во животот, сега имаме деца, многу сме свесни за тие работи. Исто така сме многу заштитнички настроени, затоа што ова е прекрасно време за сите нас“, рече таа.

Поминаа дури 20 години откако за прв пат прошетаа, а нивната љубов никогаш не исчезна. Потоа, вели, „пукнале“ под притисокот на јавноста и славата, но не дозволуваат историјата да се повтори.

„Убав е начинот на кој работите се поинакви сега, ние се чувствуваме поинаку од пред многу години. Има повеќе почит, што е убаво. Кога ќе најдеш некого и навистина го сакаш, но навистина го сакаш, и добиваш втора шанса? Навистина е ретко, скапоцено, прекрасно и не го земате здраво за готово“, вели таа.

Слични содржини