Стивен Џерард, легендарниот капитен на Ливерпул, кој моментно работи како тренер на Ренџерс, потсети на необичен настан на натпреварот од ФА Купот со Борнемут, кога доживеа повреда на половиот орган.

Во дуелот со воинствениот Хари Артер, поранешниот репрезентативец на Англија заработи сериозна рана на пенисот.

„Јас ги симнав шорцевите и видов дека пантолоните ми се целосно крвави. Мозокот ми работеше сто на час, се грижев дека се случило нешто сериозно. Трчав на клупата, директно на тренерот Роџерс и му реков: „Гледај, имам проблем долу. Ги повредив приватните делови“.Тој погледна надолу, направи гримаса и ја затресе главата“, изјави Џерард за „Сан“.

Следните неколку минути биле клучни околу санирањето на бизарната, но воопшто ненаивна повреда.

„Д-р Крис Морган реагираше брзо, повикувајќи ги неговите соработници кои ме опкружуваа и направија толпа, за никој да не види што се случува. Погледнав уште еднаш и мислев дека тоа може да биде последниот поздрав со „врсникот“. Соиграчите пукаа од смеа, а вие сами можете да замислите колку шеги со копчиња и должината на пенисот сум чул. Се разбира и во врската со мојата идна сопруга Алекс. Се смеев, но сакав да ги убијам сите“, рече Стиви Џи.

Слични содржини