Џервејс го навреди Холивуд, на следните Златни глобуси се враќаат познатите комичарки

од Elena Daskalova

Откако на 77. доделување на Златните глобуси, Рики Џервејс ја „навреди“ холивудската елита и многумина поради тоа му замерија, тој изјави дека веќе нема да ја води оваа церемонија.

На негово место следната година ќе застане добро познатото комичарско дуо, актерките Тина Феј и Ејми Полер, откако успешно ја водеа оваа церемонија од 2013 до 2015 година.

Оваа вест ја објави претседателот на НБЦ ентертејнмент, Пол Телегди, кој едвај дочекал да им ја соопшти оваа вест на сите засегнати.

Двете комичарки важат за едните најуспешните водителки на Златните глобуси.

Слични содржини