Џиџи Хадид ја призна бременоста, па објасни зошто ја криела (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Џиџи Хадид за првпат го покажа трудничкото стомаче на Инстаграм во живо, откако долго време криеше дека е бремена.

„Ова е моето стомаче“, весело рече манекенката и се сврте на страна за да ја покаже големината на стомакот.

„Очигледно многу луѓе се збунети затоа што веќе не споделувам ништо. Јас сум бремена за време на пандемија и, очигледно, има многу поважни работи во светот. Голем број луѓе ги загубија своите животи заради коронавирусот и тоа сè уште се случува. Не сакам да се грижам за тоа дали сум слатка и дали треба да објавувам нешто секој ден. Имам семејство и пријатели со кои споделувам сè“, рече Џиџи.

Џиџи и нејзиниот партнер Заин Малик престојуваат на фарма во Пенсилванија. Манекенката откри дека носи девојче кое треба да се роди во септември.

Слични содржини