Џон Мекафи се самоубил неколку часа по одлуката да биде екстрадиран во САД!

од Vladimir Zorba

Џон Мекафи, еден од хероите на дигиталната ера, „таткото“ на антивирусниот софтвер „Мекафи“, бил пронајден мртов во ќелија во Барселона, само неколку часа откако беше објавено дека Шпанија ќе го екстрадира во САД, каде што чека судење за сериозни обвиненија, објави Њујорк пост.

Ексцентричниот технолошки волшебник беше уапсен во октомври и чекаше екстрадиција во Америка, но денеска беше пронајден мртов во ќелија, соопшти полицијата за „Ел Паис“.

Весникот објави дека „Мекафи“ бил извлечен од ќелијата во Барселона и дека полицијата ги испитувала околностите за неговата смрт.

„Ел Паис“, исто така, пишува дека Мекафи си го одзел животот.

Претходно денес, Шпанскио суд донесе одлука за испорачување на Мекафи во Америка, каде што тој е обвинет за неколку сериозни финансиски злосторства, главно за затајување данок.

Слични содржини