Џони Деп има нова девојка? (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Џони Деп бил со најубавите жени на светот, меѓу кои се Кејт Мос, Ванеса Паради, Џенифер Греј, но ниту со една од нив не пронашол вистинска љубов.

Моментално е во центарот на медиумското внимание поради неговата борба со поранешната сопруга Амбер Херд, која ја тужи за клевета вредна 50 милиони долари, поради статијата што ја напишала во „Вашингтон пост“ за наводното семејно злоупотребување.

Сепак, сега се шушка дека Џони нашол нова девојка.

Уште во 2020 година Џони Деп бил фотографиран со мистериозна жена во еден познат паб во лондонската Белгравија. Озборувањата брзо се рашириле, а многумина се запрашале дали тука има нова љубовна романса на повидок.

Сега во јавноста повторно се шушка дека Деп започнал љубовна врска со неговата адвокатка Камила Васкез.

За време на судскиот процес против бившата сопруга, Деп и Камила, која е негова адвокатка, постојано биле во контакт, а забележана е и извесна доза блискост меѓу нив. Поради тоа, почнале да се шират приказни дека оваа двојка тајно се гледа и надвор од судницата.

Сепак, набрзо се појавиле информации дека ништо од тоа не е точно и дека меѓу нив не постои ништо освен професионален однос.

Џони Деп е генерално пријателски настроен и многу е близок со луѓето што работат во неговиот правен тим. Не може да се негира дека Џони Деп ѝ е интересен на Камила Васкез, за што сведочат и нејзините фотографии во јавност на кои се гледа дека се смее и дека е многу добро расположена кога е во негово друштво.

Од друга страна, во медиумите може да се прочита дека Васкез со месеци е во врска со Британец, кој е продавач на недвижнини.

Слични содржини