Џони Деп на прием кај Вучиќ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Холивудскиот актер Џони Деп слетал во Белград околу 14.30 часот, а од аеродромот заминал директно во претседателството на прием кај Александар Вучиќ.

Вучиќ објави видео со Џони Деп на Инстаграм со краток опис:

„Добредојдовте во Србија“.

Актерот носел темно сино одело и очила за сонце.

Деп доаѓа во Белград по повод промоцијата на неговата анимирана серија произведена во Србија „Пафини“, во продукција на „Архангел студио“ од актерот Милош Биковиќ, а создадена во „Јерволино студио“ (ИЕС).

 

Слични содржини