Џони Деп не е посакуван во филмскиот круг

од desk2

Вклучувањето на Џони Деп во продолжението на филмот Fantastic Beasts предизвика контроверзии во јавноста откако глумецот беше обвинет за семејно насилство, пренесува NME.

Имено, глумецот Езра Милер го искоментирал вклучувањето на Џони Деп во новото продолжение, тврдејќи дека ниту еден од глумците не бил консултиран околу одлуката.

Џони Деп го игра Гелерт Гринделвалд во овогодинешното продолжение “Fantastic Beasts And Where To Find Them: The Crimes Of Grindelwald”, а неговото ангажирање предизвика контроверзии после наводното семејно насилство за кое го обвини Амбер Херд во 2016 година.

Деп ги негираше овие гласини и случајот е решен такашто Амбер ја повлече тужбата.

Во новото интервју, Езра Милер зборувал за одлуката на Џеј Кеј Роулинг за тоа Деп повторно да биде во филмот.

“Не, никој од нас не беше консултиран. Никој од нас не знаеше дека Џони Деп ќе биде дел од екипата”, рекол Милер.

На прашањето како се чувствувал кога дознал дека ќе работи заедно со Деп, младиот глумец рекол дека е професионалец и дека ќе продолжи да работи како претходно.

Филмот започна со кино дистрибуција пред два дена, а минатиот месец Џони изјави дека се надева на улога и во третото продолжение.

Иако Езра бил резерзвиран кога стануваше збор за прашања поврзани со Џони Деп, се шират гласини дека холивудскиот заводник не е повеќе посакуван во филмските кругови.

Слични содржини