Џони Деп отвори ТикТок профил, веќе има речиси 4 милиони следбеници

од Nikola Popovski

Откако поротата донесе одлука во корист на познатиот актер на судењето на неговата поранешна сопруга Амбер Херд, Деп отвори профил на моментално најпопуларната социјална мрежа.

Џони Деп направи профил на ТикТок и за помалку од еден ден собра голем број следбеници.

Имено, моментално го следат 3,7 милиони луѓе, а бројката се зголемува од час во час.

Деп во описот на својот профил кратко напишал: „Повремен актер“.

Фановите на актерот едвај чекаат тој да објави видео на оваа социјална мрежа.

Да потсетиме, Џони Деп ја тужеше Амбер Херд за клевета, тврдејќи дека тоа му го уништило угледот и кариерата, бидејќи во една колумна објавена од „Вашингтон пост“ во 2018 година напишала дека трпела семејно насилство. Иако актерката не го спомна познатиот актер, оваа колумна привлече големо внимание, а Деп поради последиците ја поднесе споменатата тужба. Судењето траеше шест недели.

Слични содржини