Џони Деп повторно во улогата на Џек Спероу? Тимот на актерот даде одговор

од Stefanija Kuzmanovska

Џони Деп нема да се врати во серијалот на „Дизни“, „Пиратите од Карибите“, изјави неговиот портпарол.

Во многу медиуми вчера почнаа да кружат гласини дека Деп повторно ќе се појави во улогата на капетанот Џек Спероу, откако австралискиот сајт Pop Topic објави дека враќањето на актерот во франшизата веќе е договорено за околу 300 милиони долари.

„Информациите се измислени“, изјави портпаролот на Деп за NBC News.

За можноста за враќање во пиратската сага многу се зборуваше и за време на судењето меѓу Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Деп го играше Џек Спароу во пет франшизни филмови, вклучувајќи го и најновиот Пиратите од Карибите: Одмаздата на Салазар. Два нови филма од серијалот се во продукција и многу фанови посакуваат негово враќање.

Онлајн петицијата за негово враќање собра 800.000 потписи.

Слични содржини