Џони Деп се појави во краток филм (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Џони Деп се враќа во акција во краток филм снимен за промоција на мобилната игра „Sea of ​​Dawn“.

Како што пренесува веб-страницата movieweb, по судењето за клевета меѓу него и поранешната сопруга Амбер Херд, кое привлече големо внимание во јавноста, актерот Џони Деп се вратил на својата кариера. 59-годишниот Деп има закажано турнеја со својот бенд „Холивудски вампири“ следната година, а треба да го игра и кралот Луј XV во историската драма „Жан ду Бери“.

Сепак, Деп неочекувано првпат се појави во краткиот филм на Adventurer’s Game, во кој игра лик многу сличен на капетанот на пиратите Џек Спароу од филмскиот серијал на Дизни „Пиратите од Карибите“, што го направи познат меѓу помладите генерации.

Филмот трае четири минути и е реклама за играта „Sea of ​​Dawn“ за мобилни телефони, направена од кинеската компанија Mosasaur Studio. Деп глуми ексцентричен поморски авантурист и собирач на ситници по име Филип Артуш.

Во интервјуто кое го даде по повод оваа улога, Деп, кој претходно изјави дека не сака да се врати во улогата на Џек Спароу, тврди дека ликот на Филип Артур е негова креација и дека бил целосно е вклучен во продукцијата.

Слични содржини