Џони Деп се пошегува со фановите на сметка на неговиот отсечен прст (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

На Твитер се појави видео на кое Џони Деп им дава автограми на своите фанови. Една корисничка на социјалната мрежа објави видео со актерот.

„Не ми се верува дека штотуку го запознав Џони Деп. Беше прекрасен, каква легенда“, напиша таа.

На видеото се гледа како актерот им дели автограми на насобраните, а со некои дури и разговараше.

„Ти имаш пет прсти на раката, а јас четири и пол“, се пошегувал Деп, а потоа продолжил да дели автограми. Ова видео стана хит на Твитер и има повеќе од 10.000 коментари.

Да потсетиме, на неодамна завршеното судење меѓу актерот и неговата поранешна сопруга Амбер Херд беа изнесени многу детали од нивната врска.

Деп тврдел дека Амбер му го повредила прстот со стаклено шише при расправија и дека после тоа имал три операции.

По шест недели судење, поротата ја донесе конечната одлука во корист на Џони Деп.

Слични содржини