Џонсон: Бомбардирањето на Харков потсетува на гранатирањето на Сараево

од Nikola Popovski

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека руското бомбардирање на украинскиот град Харков е „апсолутно болно“ и потсети на масакрите на цивилите во Сараево во 1990-тите.

-Она што се случува во Харков е апсолутно болно и ме потсетува на гранатирањето на пазарите во Сараево, гранатирањето на невини луѓе во Босна, изјави Џонсон на новинарите за време на посетата на базата на НАТО во Талин, пренесува АФП.

Повеќе од 100 цивили беа убиени во две гранатирања на пазарот за време на опсадата на Сараево во 1994 година, еден од најкрвавите денови на босанската војна од распадот на поранешна Југославија.

Москва во вторникот ја засили својата шестдневна офанзива врз Украина.

Слични содржини