Џонсон: Британија е подготвена да и помогне на Украина во деминирањето на јужниот брег

од Берта Китинска

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека Британија е подготвена да помогне во операциите за деминирање на јужниот брег на Украина и да ја разгледа можноста за нудење безбедност на бродовите со цел да се префрлат милиони тони жито што се наоѓаат во земјата.

„Има работа што треба да се заврши. Работиме со Турците и другите европски пријатели и сојузници за да видиме што можеме да направиме“, рече Џонсон во интервју за Ројтерс за време на посетата на Руанда, каде што присуствува на самитот на Комонвелтот.

Слични содржини