Џонсон е подготвен да прифати наметнување на европски тарифи на британска стока

од Vladimir Zorba

Британскиот премиер Борис Џонсон е подготвен да прифати наметнување на европски тарифи за некои британски производи со цел да се постигне трговски договор со ЕУ и да излезе од ќор-сокакот во преговорите со Брисел, пишува Дејли Мејл.

Главниот преговарач на Велика Британија, Дејвид Фрост, даде важен нов предлог, пишува весникот, повикувајќи се на извори.

Вчера, преговарачите од обете страни рекоа дека постигнале многу мал напредок во последната рунда преговори за договорот за слободна трговија по „Брегзит“.

Остануваат само неколку недели до крајниот рок за продолжување на едногодишниот период на преговори.

Слични содржини