Џонсон го поздрави одобрувањето на вакцината во Велика Британија

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот премиер Борис Џонсон денес ја поздрави како „фантастична“ веста дека Велика Британија ја одобрила вакцината „Фајзер-Бајонтек“ против коронавирусот, која ќе биде достапна од следната недела.

„Заштитата со вакцините ќе ни овозможи да се вратиме во нашите животи и да ја рестартираме економијата“, напиша британскиот премиер на Твитер.

Велика Британија е првата земја во светот што одобри вакцина на германската компанија „БајоНТек“ и американскиот гигант „Фајзер“.

Таа одлука ја прави Британија една од првите земји што ќе започнае вакцинација против вирусот.

Извршниот директор на „Фајзер“ Алберт Бурла изјави дека одлуката на британските власти е „историска“.

 

Слични содржини