„Џонсон и Џонсон“ ја започнува втората фаза од испитувањето на вакцината

од Stefanija Kuzmanovska

Огранокот Jansen на американската фармацевтска компанија „Џонсон и Џонсон“ денеска во Шпанија ја започнува втората фаза од испитувањето на својата вакцина против Ковид 19, пренесува „Ројтерс“.

Лидерот на програмата, Алберто Боробија, рече дека 190 лица ќе учествуваат во испитувањето кое ќе се одвива до 22 септември во три болници.

Оваа студија е дел од испитувањето кое ќе се одржи во следните два месеци, освен во Шпанија, и во Холандија и Германија.

 

Слични содржини