„Џонсон и Џонсон“: Крвните згрутчувања НЕ СЕ ПОВРЗАНИ со нашата вакцина

од Stefanija Kuzmanovska

Фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ денес објавија дека се „свесни“ дека имало случаи на згрутчување на крвта „кај сите вакцини против ковид-19“, но дека кај нивната вакцина нема поврзаност со крвни згрутчувања, иако Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека се случиле четири такви случаи, пренесува Си-Ен-Ен.

„Нашето следење на ефектите покажа дека има мал број на несакани ефекти по вакцинирањето. Во овој момент, нема врска помеѓу овие случаи и нашата вакцина“, се вели во соопштението.

„Џонсон и Џонсон“ тесно соработуваат со експерти и здравствени регулатори за подетално разгледување на податоците, објави Си-Ен-Ен.

Компанијата соопшти дека луѓето кои примаат доза од својата вакцина и чувствуваат сериозни симптоми треба да побараат медицинска помош што е можно поскоро.

Симптомите може да вклучуваат отежнато дишење, болка во белите дробови, оток на нозете, постојана болка во стомакот, невролошки симптоми, модринки или мали крвни дамки под површината на кожата на местото на боцкањето на иглата.

Претходно денес, ЕМА објави дека утврдува можна врска помеѓу вакцината на „Џонсон и Џонсон“ и згрутчувањето на крвта.

ЕМА наведе дека се пријавени четири сериозни случаи кај луѓе кои развиле згрутчување на крвта по приемот на вакцината.

Сè уште не е познато дали крвните згрутчувања биле предизвикани од вакцината или биле поврзани со некој друг медицински проблем.

Слични содржини