Џонсон и Џонсон планира да ја тестира вакцината на бремени жени

од Берта Китинска

Американската фармацевтска компанија Џонсон и Џонсон вчера објави дека ја тестираат својата вакцина, која во моментов е одобрена само за возрасни, на адолесценти, а планот е истото да се започне и кај бремени жени.

Што се однесува до тестирање на адолесценти, вакцината, која се дава еднаш, прво ќе се тестира на мал број на 16-годишници и 17-годишници како дел од клиничкото испитување што  се спровело  минатиот јуни, објави компанијата.

Вакцината „Џонсон и Џонсон“ е регистрирана во САД и е одобрена за употреба во Европската унија на 11 март.

Вакцината е развиена во филијалата „Јансен“ во Холандија и е регистрирана за употреба во единечна доза за лица над 18 години.

Вакцините Фајзер/Бајонтек, Модерна и АстраЗенека го развиваат својот целосен ефект со употреба на две дози.

Слични содржини