Џонсон излезе од интензивна нега

од Vladimir Zorba

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон повеќе не е на интензивна нега и неговата состојба е подобра, соопштија од Даунинг стрит. Џонсон е заразен со коронавирусот.

– Тој е пренесен од интензивна нега вечерва и ќе продолжи да се следи неговата состојба, рече портпаролот на „Даунинг стрит“.

Да потсетиме, Џонсон во понеделникот беше префрлен на интензивна нега во болницата „Свети Томас“ во Лондон и беше примен во таа болница во неделата, 10 дена откако му е потврден коронавирус.

Слични содржини