Џонсон ја сака улогата на Џејмс Бонд: „Сакам да ја продолжам семејната традиција“

од Vladimir Zorba

Откако најпознатиот светски шпион Џејмс Бонд го глумеше Даниел Крег цели 15 години, потрагата по неговиот наследник продолжува. Двејн Џонсон смета дека треба да стане таен агент, за да ја продолжи семејната традиција и врската со франшизата.

„Би сакал да го следам Крег и да бидам следниот Бонд“, рече Рок во интервју за Esquire. Џонсон исто така додаде дека неговиот дедо, Питер Мајва, се појавил во „You Only Live Twice“, петтиот филм за Џејмс Бонд.

„Мојот дедо беше негативец во Бонд. Многу, многу кул“, рече тој.

Но, ѕвездата од „Jungle Cruise“ инсистира дека не сака да го игра негативецот на Бонд.

„Не сакам да бидам негативец. Морам да бидам Бонд“, рече Џонсон.

Откако Крег ја напушти франшизата, почнаа бројни шпекулации за тоа кој ќе го замени. Британските ѕвезди како Хенри Кавил, Том Хопер и Том Харди се означени како потенцијални нови агенти 007, а филмската продуцентка Барбара Броколи потврди дека Бонд ќе остане маж.

„Може да биде која било раса, но ќе биде маж. Верувам дека треба да создадеме нови улоги за жените, за силните жени. Не сум баш заинтересирана жена да игра машка улога. Жените се многу поинтересни од тоа“, рече таа.

Слични содржини