Џонсон ќе го праша Парламентот за одобрение за вонредни избори на 12 декември

од Vladimir Zorba
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека планира да го праша Парламентот за одобрение за закажување вонредни избори за 12 декември, изјавувајќи дека тоа е единствен начин да се надмине застојот околу Брегзит.
Следните избори во Велика Британија не беа во план пред 2022 година.

За да може предвремените избори да бидат свикани, Џонсон треба да има мнозинство во парламентот, а изминатиот месец тој се обиде на двапати да покаже дека го има, но и двата пати беше поразен.

Британскиот премиер денеска изјави дека датумот што го предлага ќе им даде време на пратениците да го разгледаат неговиот предлог за Брегзит.

Според неговиот план, парламентот би работел до 6 ноември кога ќе почне кампањата.

Слични содржини