Џонсон: Нема да можеме да ги евакуираме сите од Кабул

од Nikola Popovski

„Како што се приближуваме до последните часови од операцијата, ќе има луѓе кои не успеаја, a се квалификуваа за да бидат извлечени од Авганистан. Она што можам да им го кажам е дека ќе ги поместиме небото и земјата за да им помогнеме, да направат се што е потребно“, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

Џонсон додаде дека „верува дека талибанските власти сега сфатиле дека е неопходно да се овозможи безбеден премин за Авганистанците“, кои се квалификувани да ја напуштат земјата и да заминат на Запад, по 20 години конфликт.

„Ако (Талибанците) сакаат да имаат односи со Западот, тогаш апсолутно е неопходен безбеден премин за тие луѓе“, додаде Џонсон.

Обединетото Кралство досега евакуираше повеќе од 13.000 Авганистанци и Британци од аеродромот во Кабул.

Министерот за одбрана на Велика Британија, Бен Валас, денеска изјави дека Лондон во иднина нема да прифаќа повеќе луѓе од летови од Кабул отколку оние кои веќе се на аеродромот, откако влезе во последната фаза на евакуација од Авганистан.

Треба да се потсети дека во терористичкиот напад пред аеродромот во Кабул, загинаа три лица од британска националност, меѓу кои и едно дете.

Ројтерс наведува дека во нападот загинале 13 припадници на американската армија и најмалку 79 Авганистанци, за што одговорност презеде огранок на Исламската држава.

Слични содржини