Џонсон: Независна Шкотска ризикува да ја изгуби фунтата

од Nikola Popovski

Британскиот премиер Борис Џонсон ја посети Шкотска за да се обиде да ги демонстрира придобивките од Обединетото Кралство како моќен сојуз на четири земји кои работат заедно за надминување на пандемијата, пренесува Блумберг.

Наместо тоа, имало подлабока дебата околу тоа дали треба да ѝ се дозволи на Шкотска да одржи нов референдум за независност само седум години по последното гласање за ова прашање.

Британскиот премиер ги отфрли повиците за ново гласање и инсистираше на тоа дека дури и активистите за независност, вклучително и шкотскиот лидер Никола Старџен, во тоа време се согласија дека референдумот во 2014 година беше настан за една генерација.

Сепак, Џонсон отиде подалеку од кога и да е, дискутирајќи што треба да се има предвид со можниот нов референдум, вклучувајќи ја и иднината на валутата фунта.

„Всушност, не знаеме што треба да постигне овој референдум“, рече Џонсон во едно интервју. „Не знаеме што ќе се случи со армијата, не знаеме што ќе се случи со коронавирусот, со фунтата, со Министерството за надворешни работи“.

Премиерот истакнал дека кога работат заедно, четирите нации во Велика Британија можат да здружат ресурси и да се борат против пандемијата.

Слични содржини