Џонсон останува на интензивна

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, кој е заразен со коронавирус, помина втора вечер на интензивна нега и е во стабилна состојба откако прими кислородна терапија.

Џонсон (55) не е на респиратор, објави Ројтерс.

„Премиерот е во стабилна состојба и е со позитивен дух“, рече британскиот министер за здравство Едвард Аргар.

Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, кој ќе го замени премиерот кога ќе биде потребно, рече дека верува оти Џонсон брзо ќе се врати на чело на државата бидејќи светот се соочува со најголемата здравствена криза на векот.

Џонсон, кој беше тестиран за вирусот пред речиси две недели, беше хоспитализиран во неделата вечерта во болницата Сент Томас заради треска и кашлање.

Неговата состојба се влоши во понеделникот и оттогаш е на интензивна нега.

Додека Џонсон се бори против вирусот, Велика Британија влегува во фаза на борба против КОВИД-19, што експертите ја нарекуваат „најсмртоносна“.

Слични содржини