Џонсон повика на единство

од Vladimir Zorba

Британскиот премиер Борис Џонсон повика на единство во текот на турнејата низ подрачјата во земјата во кои Лабуристичката партија загуби на вонредните парламентарни избори во четвртокот.

Владеачката Конзервативна партија освои 365 од 650-те места во Долниот дом на британскиот Парламент, односно 48 места повеќе, благодарение на поразот на лабуристите во одредени подрачја од Велика Британија каде тие со децении владееја.

Меѓу тие области е и Дарем, на северот од Анлагија, некогашното „упориште“ на поранешниот лабуристички премиер Тони Блер.

Џонсон го посети ова подрачје и на локалните жители им кажа дека е свесен дека многумина сакале да ја прекинат оваа традиција и затоа им се забалагодари на довербата.

Британскиот премиер повторно вети дека Велика Британија на 31 јануари ќе излезе од составот на Европската унија.

Слични содржини