Џонсон повикан да се извини за коментарите за Сребреница

од Vladimir Zorba

Британскиот премиер Борис Џонсон беше повикан да се извини за написот што го напиша во 1997 година за масакрот во Сребреница, во кој тој ги опиша „овие муслимани“ како „не се баш ангели“.

Во писмото испратено заедно со 30 пратеници, пратеникот на лабуристите, Тони Лојд тврди дека „нема оправдување за каков било начин да се обвинат жртвите на геноцид“, пренесува Би-Би-Си.

Сепак, Даунинг стрит известува дека коментарите на Џонсон се изваден од контекст.

БиБиСи известува дека 8 000 муслимани биле убиени во Сребреница пред 25 години и дека две години подоцна Џонсон, пишувајќи за „Ottawa Citizen“, го осудил она што се случило, опишувајќи го како „најлошиот масакр на европско тло од Третиот рајх“.

Џонсон тогаш рече дека би било тешко Западот да интервенира во конфликтот.

„Во ред, велам, судбината на Сребреница беше страшна. Но, тие навистина не беа ангели, овие муслимани “, изјави Џонсон.

Во писмото, повеќе од 100 муслимански организации и претставници на заедницата го повикаа Џонсон да се извини, тврдејќи дека присуството на настаните во спомен на Сребреница „без размислување за вашите претходни коментари се навреда за жртвите и нивните семејства“.

Како одговор на писмото, Даунинг стрит рече:

„Овој цитат е јасно изваден од контекст. Во текот на изминатите 25 години, Премиерот постојано го осудува геноцидот во Сребреница како едно од најлошите злосторства во историјата“, споделија од Даунинг стрит.

Слични содржини