Џонсон: Преговорите со Путин се како борба со крокодил

од Nikola Popovski

Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон ги спореди преговорите со рускиот претседател Владимир Путин како борба со крокодил.

Џонсон ја предупреди Украина дека ќе биде тешко да се преговара за мировен договор со лидер кој е толку несигурен.

Тој оцени дека Путин јасно ставил до знаење дека сака да окупира што е можно повеќе украинска територија за да може да изврши нов напад врз главниот град Киев, пренесува Танјуг.

„Како можеш да преговараш со крокодил кој ти ја држи ногата со своите вилици. Тоа е тешкотијата со која се соочуваат Украинците“, им рече Џонсон на новинарите за време на дводневната посета на Индија во текот на летото.

Тој оцени дека е многу тешко да се замисли дека Украинците сега можат да преговараат со Путин, со оглед на неговиот очигледен недостаток на добра волја.

Слични содржини