Џонсон: Прекин на огнот нема да биде доволен за да ги укинеме санкциите кон Русија

од Milan1

Договорот за прекин на огнот меѓу Русија и Украина нема да биде доволен за укинување на британските санкции, изјави денеска Борис Џонсон.

„Премиерот рече дека само прекинот на огнот нема да биде причина за укинување на британските санкции кон Русија“, изјави портпаролот на Џонсон на новинарите, говорејќи на владиниот состанок, пренесе Ројтерс.

„Тој рече дека притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин мора да се зголеми преку дополнителни економски мерки и воена помош за да се осигура дека Русија целосно го промени курсот“, рече портпаролот на британскиот премиер.

Слични содржини