Џонсон: Санкциите се подготвени за Русија

од Milan1

Британскиот премиер Борис Џонсон во авторска статија за лондонски „Тајмс”, вели дека санкции и други мерки ќе бидат подготвени во случај на руски напад врз Украина, а неговата Влада ќе побара од Парламентот санкции за руски поединци и компании.

– Британски санкции и другите мерки ќе бидат подготвени во случај на каков било руски напад. Владата ќе побара од Парламентот нови овластувања за санкционирање на поширок опсег на руски поединци и ентитети, вклучително и секоја компанија поврзана со руската држава или која работи во сектор од стратешко значење за Кремљ. Ја поздравувам изјавата на Германија дека проектот Северен поток 2 ќе се преиспита во случај на инвазија, додава британскиот премиер.

Слични содржини