Џонсон: Сега не е време да се испитуваат грешките на владата

од Vladimir Zorba

Британскиот премиер Борис Џонсон смета дека сега не е вистинско време да се испита што британската влада направила лошо за време на пандемијата на коронавирусот.

Тој во интервју за „Радио Тајмс“ рече дека ќе ја преземе одговорноста за фактот дека медицинските работници немаат заштитна опрема.

На прашањето дали размислува за големиот број заразени со вирусот и смртните случаи, тој одговори дека размислува секој ден.

Тој додаде дека кривата сега е во мала надолна траекторија.

„Клучна работа е да бидеме подготвени да ги изгаснеме сите локални жаришта“, рече Џонсон, пренесува Танјуг.

Слични содржини