Џонсон: Третиот бран на Ковид 19 се движи кон Велика Британија

Британскиот премиер Борис Џонсон предупреди дека третиот бран на коронавирусот, што ја погоди Европа, може да се прелее во Велика Британија.

„Претходното искуство нè научи дека кога бранот ќе ги погоди нашите пријатели, се плашам дека ќе се прелее на нашите брегови и очекуваме навреме да ги почувствуваме тие ефекти“, изјави Џонсон пред новинарите, пренесува Ројтерс.

Запрашан за ризикот по британската програма за вакцинирање откако Европската унија се закани со забрана за извоз на вакцини во Велика Британија, Џонсон рече дека не смета дека тоа ќе се случи.

„Уверен сум преку разговорите со партнерите во ЕУ во последните неколку месеци дека тие не сакаат да гледаат блокади. Мислам дека тоа е многу важно“, рече британскиот премиер, додавајќи дека Велика Британија ќе продолжи со својата програма за вакцинирање.

Слични содржини