Џонсон: Трговска војна на Британија со ЕУ е малку веројатна

од Stefanija Kuzmanovska

Трговска војна со Европската унија е малку веројатна, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

„Мислам дека тоа не е веројатно, но она што треба да го решиме се проблемите со политичката ситуација во Северна Ирска“, рече Џонсон на прашањето дали Британија може да си дозволи трговска војна со ЕУ.

Британскиот премиер рече дека смета оти нема да има војна, но дека ситуацијата во однос на Протоколот за Северна Ирска е многу сериозна и дека британската влада ќе преземе мерки за заштита на мирот и стабилноста доколку е потребно.

Слични содржини