Џонсон: Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 јануари во 23 часот

од Nikola Popovski

Британскиот премиер Борис Џонсон е убеден дека по усвојувањето на законот за Брегзит од двата дома на парламентот на земјата, кралството е подготвено да ја напушти ЕУ на посочениот датум – 31 јануари.

„Парламентот го усвои законот за напуштање на Европската унија. Ова значи дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 јануари и ќе оди напред. На моменти се чинеше дека никогаш нема да ја преминеме финалната етапа од Брегзит, но на крајот успеавме “, рече Џонсон, повикувајќи на крај на поддржувачите и противниците на Брегзит, за фокусирање и решавање на проблемите со кои се занимава кралството, борба против криминалот и подобрување на работата на болниците.

Откако законот беше одобрен од Долниот дом доцна синоќа, истиот беше ставен за гласање и кај Гордниот дом (Домот на лордови) на британскиот парламент. Документот сега мора да биде потпишан од кралицата Елизабета Втора. Ова се очекува да се случи во четврток или петок, по што документот што ги дефинира условите за напуштање на ЕУ ќе стане закон. Ова ќе им овозможи на Велика Британија и ЕУ да го ратификуваат Договорот за Брегзит

Шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, во петок ќе ги потпишат потребните документи во Брисел и договорот ќе го финализира Европскиот парламент на 29 јануари.

Од Даунинг Стрит потенцираат дека земјите ќе имаат време да ги завршат сите потребни формалности и Велика Британија ќе биде подготвена да ја напушти ЕУ во 23:00 часот на 31 јануари по локално време.

Слични содржини