Џонсон вети дека ќе создаде „инфраструктурна револуција“

од Vladimir Zorba

Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека ќе обезбеди „инфраструктурна револуција“ што може да и помогне на Велика Британија да излезе од економското уништување, предизвикано од блокадите поради коронавирусот.

„Ова е програма за работни места, работни места, работни места, затоа што со градење, градење, градење… ние ќе ги добиеме работните места, кои и се потребни на оваа нација“, рече Џонсон во говорот, ветувајќи инфраструктурна револуција што ќе овозможи ставање крај на хроничниот неуспех на британската држава „да гради доволно домови“.

Слични содржини