Џорџ Р.Р. Мартин: Имате право да ме заклучите

од Stefanija Kuzmanovska

„Имате право да ме заклучите“, рече писателот на серијалот книги „Песни на мраз и оган“, Џорџ Р.Р. Мартин.

Минатиот мај, авторот објави дека се надева оти неговата нова книга ќе биде комплетирана до годинашниот настан World Con и дека ако не успее да го стори тоа, ќе им дозволи на своите обожаватели „да го затврат во мала кабина“.

За несреќа на Мартин, World Con требаше да се одржи на 29 јули 2020 година, иако беше откажан поради пандемијата на коронавирус.

Иако книгата „Ветровите на зимата“ сè уште не е готова, Мартин во јуни откри дека напредува во пишувањето.

71-годишниот писател откри дека постигнува „постојан напредок“ во шестата книга во серијалот „Песни на мраз и оган“.

„Вчера завршив ново поглавје, уште едно пред три дена, друго минатата недела“, објави тој на својот блог.

Слични содржини