Џорџина објави фотографија со семејството, па беше обвинета дека е вулгарна (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Убавата Џорџина Родригез (26) честопати позира во секси комбинации, а своите следбеници на Инстаграм знае да ги почести со фотографии во танга.

Овој пат, таа објави фотографија со целото семејство на нејзиниот вереник Кристијано Роналдо (35) и четири деца во базенот.

Поранешната продавачка позираше на коњ на надувување додека Кристијано ја држеше нивната ќерка Алана. Но, следбениците на Џорџина, кои бројат 18,3 милиони на Инстаграм, забележаа како е облечена.

Имено, тие коментираа дека таа има костим за капење што открива повеќе отколку што покрива, а некои сугерираа дека има маица и танга. Некои од нив посочија дека таа немала гаќички и ја нападнаа за несоодветна облека и вулгарност, и тоа близу деца.

„Зошто сакаш толку многу да го покажуваш своето тело?“, „Навистина претера“, „Кристијано е вистински среќник“, „Коњот се чини среќен е поради тебе“, коментираа нејзините фанови.

Постот собра повеќе од два милиони лајкови.

Слични содржини