Актуелно
Почетна / Сцена / Џош Бролин очекува дете со 20 години помлада жена

Џош Бролин очекува дете со 20 години помлада жена

Актерот Џош Бролин и неговата 20 години помлада сопруга, Кетрин, очекуваат второ дете, а веста ја објавија на социјалните мрежи.

„Бролините се зголемуваат! Нашето бебе е на пат“, напиша таа на Инстаграм со фотографија на која позира со својата ќерка, додека трудничкото стомаче е во преден план.

Потсетуваме, парот се запозна додека Кетрин работеше како асистент на Џош, а се ожени со неа во 2016 година и добија ќерка. Патем, ова е трет брак на актерот, а тој има две деца од претходниот.

loading...