Ди-Џеј Шекил О’Нил „растури“ на Зрче (ВИДЕО)

од Vlatko K

Шекил О’Нил, познат под уметничкото име Ди-џеј Дизел, настапи на плажата Зрче во Хрватска, во
рамки на фестивалот Пау-Уау и повторно докажа дека е мултиталент.


Поранешниот светски познат НБА-кошаркар со музика се занимава веќе неколку децении, а откако
се пензионираше од кошарката, целосно му се посвети на диџејството.

Наредниов период тој ќе настапи на Хард Самер Фестивалот во Лос Анџелес, Електрик Зу во
Њујорк, како и на Лолапалуз во Чикаго.

Во Хрватска дојде од Белгија каде што беше дел од Тумороуленд.

Слични содржини