Актуелно
Почетна / Спорт / Ди Марија има ментални проблеми: „Се шета како зомби по куќа“

Ди Марија има ментални проблеми: „Се шета како зомби по куќа“

На аргентинскиот фудбалер Анхел ди Марија не му влијаел добро карантинот поради пандемијата од коронавирус.

Имено, крилниот играч на Пари Сен Жермен веќе некое време покажувал знаци на вознемиреност и депресија.

Според „Ле Парисиен“, Ди Марија имал проблеми со спиењето за време на забраната за движење.

Причината е ненадејниот крај на сезоната и отсуството на какви било обврски.

Честите симптоми го загрижиле и неговото семејство, а сопругата на Ди Марија вели дека тој понекогаш се однесувал како „зомби, кое шета по куќата“.

Аргентинецот е член на „светците“ од 2015 година.

loading...